Aко веќе сте учествувале во проектот

Од година во година ги зачувуваме сите податоци на нашите учесници, затоа за да земете повторно учество во нашиот настан, доволно е да се најавите на вашиот профил и да го потврдите учеството. Доколку во текот на годината сте ја заборавиле лозинката, тогаш можеме да вепотсетиме на вашата лозинка.

Како функционира

Четири едноставни чекори

 

Се е многу едноставно — регистрирајте ја вашата домашна адреса и на назначен ден ќе примите адреса од случајна личност која исто така учествува во проектот. Вашата домашна адреса ќе биде пратена на некој друг - по истиот случаен избор. Потоа правите/купувате подарок и го праќате преку пошта на адресата која сте ја примиле. Се трудиме да направиме не само добри подароци, но и добро расположение!

Чекор 1
Регистрација

 

Регистрирајте ја вашата домашна адреса. Потврдете ја регистрацијата на примената порака во вашата е-пошта и уште еднаш прверете ја вашата домашна адреса во вашиот профил.
Чекор 2
Примање на адреса

 

Откако ќе се регистрирате и ја потврдите вашата адреса, после одредено време, по случаен избор ќе примите домашна адреса од некого на кого оваа година вие ќе му бидете Secret Sаntа.
Чекор 3
Праќање на подарокот

 

Пратете го подарокот на добиената адреса. Не е задолжително да правите скапи подароци! Еден спрема друг споделуваме пријатно расположение, затоа вниманието е поважно од цената. Но да примите скап подарок е дупло повеќе пријатно;)
Чекор 4
Примање подарок

 

Кога ќе го примите вашиот подарок, вратете се кон нас и споделете фотографија, и впечатоци исто така. Тоа навистина е интересно за нас!

НЕКОЛКУ ЗБОРА ЗА ПРОЕКТОТ

ШТО Е ТОА SECRET SАNTА?

 

Овој проект е за добро расположение!

Секој може да стане Secret Sаntа без разлика на возраст и место на живеење. Овој проект е и секогаш ќе биде бесплатен. Основната идеја е во тоа што еднаш годишно секој кој сака ја регистрира својата домашна адреса во нашиот систем и подоцна ги мешаме сите адреси и секој учесник прима нечија домашна адреса каде е обврзан да прати било каков, барем симболичен подарок. Се собираме сите не само за да примиме бесплатен подарок туку и да се научиме како да подариме. Да бидат дадени не само подароци, туку истовремено и добро расположение на непознати луѓе.

НАВИСТИНА НÈ ИМА МНОГУ

ОПШТА СТАТИСТИКА ЗА ПРОЕКТОТ

 

  • 2013

  • 5400 Учесници
  • 43000 Поканети
  • 48 Држави
  • 2014

  • 12054 Учесници
  • 20000 Поканети
  • 59 Држави
  • 2015

  • 10249Учесници
  • 17500 Поканети
  • 64 Држави

За нас

Проектот Secret Santa прв пат беше организиран во 2012 година. Идејата не припаѓа на организаторот на овој проект — слични настани се случуваат годишно низ целиот свет. Овој проект е организиран и подржан од Юрий Бойчук, но во различни години овој проект беше помаган од различни луѓе.

Како да нè подржите

Проектот не е комерцијален и постои исклучиво на личен ентузијазам, затоа со радост би примиле било каква финансиска подржка од вас, која ќе биде искористена да се плати домеинот, изработката, подржката и услугата на веб страната.


Платежна картичка:

Банкарски трансфер:
SWEDBANK
JURIJS BOIČUKS
LV61HABA0551000858921